Во животот ниту една средба не е случајна

Во животот ниту една средба не е случајна

Во овој свет секогаш постои причина зошто сретнувате некои луѓе. Без разлика дали станува збор за благослов или лекција, секој што се појавува во вашиот живот е таму со причина. Понекогаш кога сретнувате некој, хемијата е толку силна што и двата живота се трансформираат. Понекогаш пак се појавуваат луѓе кои ви го нарушуваат целиот мир.

Silhouette of young couple under stars. The concept on the theme of love. Elements of this image furnished by NASA.

Секоја средба, лоша или добра, е од ваша корист. Разните врски кои ги градите со луѓето го прават вашиот живот интересен, предизвикувачки, а многупати и го променуваат. Понекогаш среќавате луѓе кои мислите дека сте ги познавале цел живот или ја чувствувате магијата на синхроницитетот. Синхроницитетот е концепт составен од Карл Јунг со кој се објаснети значајните случајности. Тој го поддржува верувањето дека универзумот ни праќа знаци и луѓе за да нè водат кон целта во нашиот живот. Овие знаци најчесто се гледање на истите луѓе или броеви одново и одново.

Никој не е испратен случајно

Кога ќе го разберете значењето на овие средби, тие ќе ви бидат како алатка за учење и движење нанапред во животот. Ако се чувствувате изгубено и збунето, голема е веројатноста да запознаете некој што ќе го промени тоа. Можеби нивното однесување ќе ве повреди и ќе се разделите, но тогаш ќе научите нешто што ќе ве врати на вистинскиот пат. Кога ќе знаете што навистина сакате, ќе ви биде полесно да ги разликувате врските.

Средба со причина

Луѓето кои доаѓаат во вашиот живот обично се овде да исполнат некоја ваша потреба. Ако минувате низ тежок период, оваа духовна поврзаност може да ви изгледа како вистински благослов. Кога ќе ја исполни својата цел, оваа личност може и ќе исчезне од вашиот живот.

Средба за една сезона

Постојат луѓе кои се во вашиот живот само одреден период. Овде може да станува збор за вистински духовен близнак чија цел е да ве „разбуди“. Можеби таа личност ќе ви постави некоја пречка, а енергијата помеѓу вас ќе биде толку силна што веднаш ќе ја забележите. Оваа поврзаност најчесто е овде за да ве натера да созреете и да ја откриете вашата страст. Оваа сродна душа е овде само една сезона, а штом ќе си ја заврши работата, ве напушта.

Средба за цел живот

Овие врски се највредни. Тие се мирни, полни со љубов и во нив нема место за брзање и силна енергија. Овие врски го вадат најдоброто од вас и вие созревате заедно со оваа личност. Оваа врска трае цел живот и е премногу ретка и скапоцена. Може да станува збор за партнер, пријател, но и член од семејството.

Кога ги чувствувате овие врски, најдобриот начин да ги привлечете вистинските луѓе е да се опуштите и да го исполните вашето срце со љубов. Никогаш немојте да ги присилувате врските, дозволете им сами да се развиваат. Простувајте и ширете љубов кон сите бидејќи и другите луѓе се обидуваат да го пронајдат својот пат. Ништо не е случајно. Секоја ситуација, личност и искуство само ве приближува кон вашата цел.

Дали знаете што ќе се случи кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар