Рецепт за „пијани“ колачи со џин-тоник

Рецепт за „пијани“ колачи со џин-тоник

Љубителките на овој пијалак ќе се воодушеват од овие фини и едноставни колачи со џин-тоник

1-vo-slast-i-na-zdravje-recept-za-pijani-keksi-so-dzhin-tonik-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки за колачите:
  • 300 грама брашно
  • 150 грама ладен путер
  • 1 јајце со средна големина
  • 4 големи лажици џин
  • 80 грама кристален шеќер
  • Прстофат сол
Потребни состојки за преливот:
  • 5 големи лажици шеќер во прав
  • 2 големи лажици џин
  • 1 лажица тоник
  • 2 лажици сок од лимон
Начин на подготовка:

1. Во сад ставете го брашното, шеќерот и солта, а потоа и изладениот путер исечен на плочки. Со прстите измешајте го путерот со брашното и издробете го на парчиња со големина на крупни лебни трошки.

2. Потоа во смесата додајте го разматеното јајце и џин тоникот, па замесете мазно тесто. Обликувајте го во топка која потоа треба да ја ставите во тава, бидејќи така ќе ви биде најлесно да ја подготвите откако ќе се излади. Замотајте го тестото во пластична фолија и ставете го во фрижидер на 20 минути.

3. После ладењето на тестото посипете го со брашно и размесете го на подлога која исто така ќе ја посипете со брашно. Тестото размесете го со дебелина која ви одговара. Ако сакате потенки колачи, тогаш тестото нека биде потенко и обратно, ако сакате подебели – тестото нека биде подебело. Водете сметка за тоа во текот на печењето, бидејќи на тенките колачи ќе им биде потребно помалку време во рерната.

4. Колачињата исечете ги со калапи по желба (на пример ѕвезда, круг или квадрат). Тавата за печење обложете ја со мрсна хартија и потоа на неа наредете ги. Ставете ги во рерна која претходно ќе ја загреете на 180 степени Целзиусови и печете ги од 10 до 12 минути, во зависност од дебелината. Најважно е да запомните дека колачите се печени кога ќе потемнат од долната страна. Во тој момент на горната страна сѐ уште може да бидат светли и малку помеки на допир, но немојте да се грижите и извадете ги од рерната, бидејќи за неколку минути ќе се стврднат целосно.

2-vo-slast-i-na-zdravje-recept-za-pijani-keksi-so-dzhin-tonik-www.kafepauza.mk_

5. Оставете ги колачињата да се ладат, а вие започнете ја подготовката на преливот. Во сад ставете ги сите состојките за преливот и измешајте ги. Ќе добиете густа и леплива бела смеса со која ќе ги украсите изладените колачи.

6. Можете да ги прелиете цели или делумно, во зависност од сопствените желби. Доколку сакате тие да бидат богато украсени, најпрактично е да ги наредите на некоја решетка под која ќе ставите хартија за печење. Потоа со помош на лажица нанесете прелив врз нив. Вишокот сам ќе истече од нив, па оставете ги да отстојат на воздух додека преостанатиот прелив не се стврдне.

7. Ако пак сакате да ги украсите само делумно со прелив, ставете го во вреќичка за декорирање или пак во обична мала вреќичка за замрзнување на која потоа ќе исечете дел за да можете да декорирате.

Совет плус:

Во текот на подготовка на тестото во смесата можете да додадете 2, 3 раце сечкани јаткасти плодови по желба како ореви, лешници, бадеми, ф’стаци.

Во преливот можете да додадете и неколку капки боја за колачи за да го промените неговиот изглед и да добиете интересни дизајни.

Пријатно јадење!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар