Во што најмногу уживаат бебињата додека се во матката?
Врската помеѓу мајката и нејзиното дете се формира многу порано отколку што мислите. Според едно истражување, фетусот може да ја почувствува психолошката состојба на мајката. Неродените бебиња добиваат сигнали преку телото на мајката, па нивна задача е да им испраќаат позитивни. Погледнете што најмногу ги радува бебињата додека се во матката.
1. Слатка храна
Бебињата почнуваат да разликуваат вкусови во 13-15 недела од бременоста. Амниотичната течност има вкус како храната што ја консумира мајката, а бебето ја голта и се навикнува на разни вкусови. Вкусот за храна се одредува уште во матката. Па ако сакате вашето дете да ужива во здрава храна, консумирајте ја почесто во текот на бременоста. Покрај тоа бебињата навистина уживаат во слатка храна бидејќи ги подготвува за мајчиното млеко.
2. Топла купка
Кога бебињата се доволно големи за да притискаат на кожата на мајката, можат да почувствуваат промени во температурата. Поради ова жешката купка може да им наштети. Топлата купка од друга страна ги смирува. Звукот на водата исто така помага за здравјето на бебето.
3. Чешкање на стомакот
Рецепторите за допир кај бебињата се развиваат во 8-мата недела од бременоста, а до 20-та недела бебињата се доволно големи за да го почувствуваат допирот однадвор. За време на овој период, тие уживаат во нежното галење и чешкање на стомакот. Ова е одличен начин идните татковци да се поврзат со нероденото бебе.
4. Слушање на гласот на мајката
До 25-та или 26-та недела бебињата почнуваат да реагираат на звуците што доаѓаат однадвор. Бидејќи гласот на мајката е звук што најчисто го слушаат, бебињата учат да го препознаваат. Гласот на мајката ги утешува и ги смирува и им сигнализира дека сè е во ред. Ефективен начин да се поврзете со вашето бебе и да го навикнете на вашиот глас е да му зборувате. Исто така пријатни за слушање се и гласовите на роднините, особено на таткото.
5. Слушање музика
Пренаталната музика има многу предности. Кај мајката го поттикнува производството на серотонин и ендорфин кои се пренесуваат и кај бебето. Кај бебето, музиката ги стимулира сетилата и го поттикнува развојот на мозокот. Сепак пуштајте тивка музика, бидејќи бебето може да ја слушне. Исто така можете да посетувате и концерти со класична музика и да го изложувате детето на разни звуци.
6. Редовно вежбање
Клучното нешто за одбирање на правилните вежби во текот на бременоста е тоа да бидат безбедни и одобрени од лекар. Кардио вежбите се најдобри за овој период. Срцето на бебето ќе биде многу посилно ако мајката редовно вежба.
7. Време за одмор
Одморот на мајката е период за забава на детето бидејќи не му пречат разните активности и движења на мајката. Во овие моменти бебињата пробуваат разни нови движења. Овие перформанси не траат долго, па и вие ќе можете да се одморите. Кон крајот на бременоста бебето ќе прави пауза со спиење на секои 70-90 минути, па движењето ќе има некаква шема.
8. Смеата на мајката
Фетусите почнуваат да „скокаат“ кога нивната мајка се смее. Поради ова мајката се смее уште погласно, а бебето продолжува да скока. Причината се контракциите на мускулите. Хормоните за среќа кои се ослободуваат кога мајката е среќна имаат директно влијание на бебето. Па, обидете се да создадете што е можно повеќе позитивни моменти.
Дознајте и кои се стравовите кои сите трудници треба да ги заборават.