Во новата сезона со нови здрави навики: Cок од целер
Ако размислувате за детоксикација или воведување неколку нови навики во вашата дневна рутина, сокот од целер е она за што сите зборуваат во последниве години.
Сè започна со книгата Medical Medium, од Ентони Вилијам. Овој бестселер лекувал голем број луѓе, а неговиот автор се смета за медиум, оној што прима пораки од рана возраст и со тоа ги лекува луѓето со совети. Ако ја оставите таа приказна настрана, сокот од целер, како и моќта на храната, игра многу моќна улога во нашите животи. А целерот е една неверојатна храна што првично ќе ве исчисти од токсини и ќе има позитивен ефект врз вашиот црн дроб.
Сокот од целер е многу лесен за правење, ќе ви треба соковник или блендер. Препорачливо е да го пиете на празен стомак наутро. Едноставно, изблендирајте го и процедете го, а доколку не ви се допаѓа вкусот, можете да додадете и малку јаболко.
Сокот од целер:
- го чисти црниот дроб
- помага во лекување на автоимуни заболувања
- делува антиинфламаторно
- го детоксицира телото
- помага при дијабетес
- покренува серотонин
- богат е со витамин Ц, калиум, витамини Б2 и Б6, влакна, железо, фолна киселина, магнезиум
Прочитајте кои 7 видови храна што не треба да ги чувате во фрижидер повеќе од 24 до 48 часа по подготовката.