Во која ситуација треба секогаш да ставате крема за сончање? Без исклучок!
Сите ние добро знаеме дека нашата кожа треба да се заштити од опасните сончеви зраци, па токму затоа и кога сме подолго време изложени на сонце, без размислување го правиме тоа. Но, постои една ситуација во која сите ние постојано забораваме на кремата за сончање. За што станува збор?
Кога одите на плажа, сигурно никогаш не ја заборавате вашата крема за сончање, но дали сте знаеле дека вие треба да ја нанесувате и за време на возењето автомобил? Експертите нè предупредуваат дека поголемиот дел од луѓето забораваат на заштитниот фактор кога се во својот автомобил и дека со тоа прават огромна грешка.
Самиот автомобил ја намалува изложеноста на ултравиолетовите Б зраци, но не и на ултравиолетовите А зраци кои исто така се опасни и го зголемуваат ризикот од здобивање рак на кожа. Предните и задните стакла во автомобилот најчесто се изработуваат од ламинирано и полурефлективно стакло, кое ја впива ултравиолетовата радијација, но страничните најчесто не се изработени од истиот заштитен материјал. Со оглед на тоа дека повеќето луѓе не можат да си дозволат промена на автомобилот или набавка на нови стакла со силни филтри, постои многу поедноставно и поевтино решение така што ќе се намачкате со крема за сончање. Особено внимателни треба да бидете во следниве 3 ситуации:
- За време на долгите возења во летниот период
- Ако се возите со отворени прозори
- Ако се возите покрај вода