Во големи наводници
Што ќе ни се нам промени? Совршени сме си онакви какви што сме сега. Зошто да „бркаме“ некакви европски стандарди или да се трудиме да бидеме културни? Супер сме си вака. Одлично се раководиме според веќе постоечкиот бонтон.1. Кога во автобус ќе влезе стара жена која одвај стои на нозе, држи го цврсто своето седиште. Во случај да седиш на почетокот од автобусот, а единствено слободно место е тоа на крајот, учтиво покажи ѝ го патот кон слободното седиште.
2. Кога седнуваш да пиеш кафе од 50 денари, однесувај се кон келнерот како ти да си Бог, а тој твој поданик.
3. Кога ѝ се додворуваш на девојка во ноќен клуб, задолжително пријди ѝ држејќи го своето пиво, па прашај ја дали сака да се „мувате“… Глуми дека си пијан во случај да добиеш корпа. Што си е сигурно, сигурно е.
4. Кога влегуваш во бутик, а продавачката ти вели „Повелете, како можам да ви помогнам?“, игнорирај ја, таа само го вели тоа од досада.
5. Немој да си прифатил/а работа како шанкер/ка, келнер/ка, продавач/ка итн. Зашто ти си роден/а за директорска фотелја, и тоа директно од средношколски клупи.
6. Пред другарите покажи ѝ на твојата девојка кој е „главен“.
7. Ако некој од твоите другари се однесува добро кон својата девојка или жена, дај му до знаење дека е папучар.
8. Задолжително заборави на „Добар ден“, „Благодарам“, „Извини“… Зошто би им го кажувал тоа на луѓе кои не ги познаваш?
9. На социјалните мрежи, за да бидеш во тек со настаните, објавувај нови странски песни. Впрочем, кој ќе знае дека во моментот ти всушност ја слушаш Цеца?
10. Раздери ѝ се на мајка ти, особено ако сте во друштво на повеќе луѓе. Ти дала живот, па што?
11. Немој до толку да „забегаш“, па да ти текне да излезеш на прошетка со дедо ти.
12. Своите фрустрации исфрли им ги на јавните службеници. Дери им се, тоа е музика за нивните уши.
13. Кога ќе здогледаш слатко бебенце, задолжително исштипи му ги образите, избаци го и до крај измалтретирај го. Сигурно ужива во тоа.
14. Фамилијарно, секоја вечер од 18:00 до 22:00 „испери си го мозокот“ со микс од турски и индиски серии.
15. Имаш побитни работи во животот отколку да ги памтиш родендените на своите родители.
16. Семафорите се поставени за раскрсниците да бидат позабавни. Зошто би ги почитувале?
17. Не излегувај во кафуле кое не е популарно. Сепак, излегуваш за да бидеш виден/а, а не за убав помин.
18. Кога ќе добиеш „корпа“ од некого, извади што е можно полоши муабети за таа личност.
19. Кога ќе заминеш во странство не заборавај од каде доаѓаш. Секоја есен прави си ајвар, а за во училиште на децата спакувај им сарми. Кога ќе дојдеш на посета во својата земја, на сите дај им до знаење колку си „јак“.
20. Ако си машко: на Фејсбук задолжително стави слика од брзинометарот во твојот автомобил… се разбира, кога си возел 300 на час. Секако, секогаш е добредојдена слика од теретана.
21. Ако си женско: кога се сликаш за ФБ биди соодветно подготвена, напрчи усни, раце на половина, задницата во „преден“ план… Што ти е грижа, па и Ким Кардашијан сака да биде како тебе.
22. Не почитувај ги блиските, почитувај ги моќните.
23. Туширање строго во недела, па затоа цел ден имаме евтина струја.
24. Јадење лук или кромид (по твој избор) или подготовка на риба, е задолжително пред употреба на јавниот превоз.
25. Кога комшијата ќе те изнервира обрати му се со зборовите „Џукело една!“ На кого му требаат соседи, ако ти гори куќата, сам ќе си ја изгаснеш.
26. Ако на келнерот му дадеш бакшиш, потсетувај го на тоа при секоја прилика.
27. Вистина е дека девојките уживаат да бидат малтретирани. Што дека еднаш ти рекла „Не“, може ќе се премисли откако ќе ја прашаш по 30-ти пат.
28. Озборувај ги луѓето. Тие живеат за да ти го направат животот интересен.
29. Запиши се на факултет во некој развиен град, но, сепак не заборавај дека твојата примарна цел е да си најдеш сопруг.
30. Нишани далеку од корпите за отпадоци. Па отпадоците сами си се разложуваат. На една мастиката, по груба пресметка, би ѝ биле потребни само над 100 години.
31. Имај свадба која сите ќе ја запаметат. Задолжителни гости: другари на дедо ти, тетки кои тогаш за првпат ќе ги запознаеш, петти братучеди, сосетката на првата братучетка на твојата баба, и по некој пијан чичко за свадбата да има балкански „шмек“.
32. Ако купиш оригинал тренерки добро „изрекламирај ги“. Епа не може секој да ги има.
33. Кога некој се чувствува лошо, разубави му го денот кажувајќи му колку добро ти тргнало во животот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
hahahaha pravilna reverzibilnost 🙂
толку многу иронија на едно место 😀 хихихихи…. Закон!
во врска со број 4! толку се нервирам што немам нерви да објаснам колку ме нервира тоа МОЖАМ ДА ВИ ПОМОГНАМ?? во продавница…
ана душо,тоа „Како можам да Ви помогнам?“ се кажува на секој потенцијален купувач. Постојат луѓе кои се нервираат ако некој не ги праша како може да им помогне. Кај ќе ви се најде крајот на таквите,а? 🙂
И за број 2. мислам дека е обратно. Келнерите се однесувват како де се богови а ти си таму да му служиш, барем во прилеп. другите горе-долу се точни за жал.
ostaj toa u prilep vladeat drugi zakoni… aako si kelner si najvechi mangup i gi vladees site picki u gradot hahahahha
woooww!! :))