Во боите на виножитото: Оваа јапонска торта со само пет состојки е прекрасна - и не се пече!

Во боите на виножитото: Оваа јапонска торта со само пет состојки е прекрасна – и не се пече!

Без разлика какви кулинарски вештини имате, овој рецепт за торта од 5 состојки дефинитивно вреди да го испробате. Јапонската торта во боите на виножитото сигурно ќе привлече многу внимание од вашето домаќинство. Можете  да ја персонализирате со користење на овошните сокови што вие ги сакате.

Во боите на виножитото: Оваа јапонска торта со само пет состојки е прекрасна - и не се пече!

Изненадувачки, многу нови рецепти доаѓаат од Јапонија, а земјата се чини дека полека се профилира како лулка на необични десерти. По низата необични десерти, пристигнува и рецептот за оваа привлечна торта, која според јапонските блогери за храна, има подеднакво примамлив вкус.

Потребни состојки:

  • 60 мл овошен сируп (во неколку бои или вкусови што ги обожувате, по 20 мл од секој)
  • 300 мл млеко
  • 210 г кристален шеќер
  • 1, 650 л вода
  • 16 г агар (веганска замена за желатин кој се наоѓа во продавниците за храна)

*Ова се потребните состојки за тортата во 3 бои и млечната основа. Ако сакате да го намалите или зголемите бројот на слоеви треба да ја прилагодите количината на потребни состојки соодветно.

Начин на подготовка:

Чекор 1

Во тенџере измешајте 4 грама агар во прав, 150 милилитри вода и 60 грама кристален шеќер. Загрејте ја смесата на шпоретот до точката на вриење и потоа исклучете го шпоретот.

Чекор 2

Додадете 300 милилитри млеко во смесата. Откако добро ќе ги мешате состојките, истурете ја смесата во саканиот калап, а потоа оставете ја да се излади за да се стврдне.

Чекор 3

Повторете го чекор 1 во друго тенџере.

Чекор 4

Потоа додајте 300 милилитри вода и 20 милилитри овошен сируп со што е можно посветла боја во смесата. Добро промешајте ги состојките и ставете ја смесата во фрижидер да се излади.

Чекор 5 (по избор)

Повторете ги чекорите 3 и чекор 4, но овој пат додајте овошен сируп со различни вкусови и бои.

Чекор 6

Кога сите смеси ќе се изладат и стврднат (потребни се околу 30 минути) извадете ги од фрижидер. Исечете го обоениот желатин на коцки и ставете ги врз млечната основа од желатин што служи како основа.

Пред да изедете парче од оваа необична торта, не заборавајте да го фотографирате вашето мало ремек-дело. Добар апетит!

Можеби сакате да го прочитате и рецептот за еклер торта што не треба да ја печете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар