Внимавајте: Зошто никако не смеете да користите миризлива хартија во боја?

Внимавајте: Зошто никако не смеете да користите миризлива хартија во боја?

Розова, жолта, сина, со мирис на лаванда, рози, јасмин… Денес тоалетната хартија се произведува во сите бои и сите мирисаат прекрасно, но само мал број луѓе знаат дека баш ваквата хартија треба да се избегнува. Знаете ли зошто?

0-vnimavajte-zoshto-nikako-ne-smeete-da-koristite-mirizliva-hartija-vo-boja-kafepauza.mk

Уште во 1987 година, Американската администрација за храна и лекови ја забранила употребата на одредени бои и мириси во фармацевтската индустрија. Откако ги испитувале на животни, забележале дека одредени бои и мириси предизвикуваат појава на тумор.

Иако денес технологијата за производство е прилично променета, сепак загриженоста поради употребата на обоена и мирисна тоалетна хартија е сѐ уште присутна. Додавањето хемикалии како што се бојата, избелувачите и разните мириси го загрозуваат човечкото здравје и ја загадуваат животната средина, а ова се само некои од можните последици.

1. Инфекција на мочниот канал

Обоената тоалетна хартија може да ја иритира вагиналната околина, така што нејзината употреба може да биде причина за инфекција на мочниот канал.

2. Рак на грлото на матката

Ваквиот вид тоалетна хартија има директно влијание врз женскиот репродуктивен систем и неговата употреба може да ги зголеми шансите за развој на рак на грлото на матката.

3. Ректални проблеми

Употребата на обоена и парфимирана тоалетна хартија може да предизвика воспаление и јадеж, особено во подрачјето на ректумот. Како што одите во тоалет, пожелно е одвреме-навреме да обрнувате внимание на столицата и евентуалното присуство на крв во неа.

Кога користите обоена тоалетна хартија, ако настанат промени во столицата тешко дека би можеле да ги забележите, особено ако хартијата е црвена. Крвавите траги во столицата се најчест знак на рак на дебелото црево, а употребата на црвената тоалетна хартија може да го спречи откривањето на оваа болест.

4. Габични инфекции

Едно од прашањата на гинеколозите до жените кои имаат габична инфекција е дали користат обоена и/или миризлива хартија. Всушност, стручњаците откриваат дека постои врска помеѓу габичните инфекции и користењето на обоена тоалетна хартија.

5. Нарушување на животната средина

Додавањето на бои и мириси во тоалетната хартија дополнително ја загадува животната средина. Употребата на белата тоалетна хартија е мал, но значаен чекор во зачувување на животната средина. Меѓутоа, не секоја бела хартија е безбедна.

Многу од луѓето не знаат, но и белата тоалетна хартија може да биде опасна по здравјето. Некои произведувачи ја избелуваат тоалетната хартија со хлор, а хлорот испушта опасни токсини кои можат да предизвикаат бројни здравствени проблеми.

Затоа, кога купувате тоалетна хартија, секогаш читајте ги наведените состојки на амбалажата. Ако видите дека меѓу нив наведен е хлорот, тогаш пронајдете друга тоалетна хартија од друг произведувач кој не користи хемикалии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар