Внимавајте: Ова се три клучни фактори кои го забрзуваат стареењето на кожата
Некаде околу 25-тата година, првите знаци на општо стареење на кожата стануваат видливи. Како што старееме, процесите во кожата забавуваат и структурата слабее. Супстанците кои ја прават кожата затегната и мазна започнуваат да исчезнуваат. Причината за тоа е комбинација на внатрешните процеси на стареење и надворешните влијанија. Најочигледен прв знак на стареење се фините линии и брчки, кои се продлабочуваат како што времето одминува. Ви откриваме 3 клучни фактори кои го забрзуваат процесот на стареење и како истите да ги спречите.
1. Изложување на сончеви зраци
Ако кожата е незаштитена на сонцето, УВ зраците може да допринесат за појава на брчки. Продолженото, постојано изложување го оштетува колагенот и доведува до помала еластичност, односно слабеење на структурата на кожата. Изложувањето на сончевите зраци го забрзува стареењето на кожата повеќе од сите други надворешни фактори.
2. Пушење
Еден од најголемите причинители за оксидативен стрес е пушењето, кое ги ослободува слободните радикали во телото, притоа оштетувајќи ја структурата на кожата и допринесувајќи за развој на знаци на општо стареење кои вклучуваат и брчки. Дополнително, никотинот и хемикалиите од цигарите го оштетуваат колагенот и еластинот во кожата. Ова влијае на силата и еластичноста и може да предизвика брчки.
3. Сува кожа
Чест знак за стареење е сувоста на кожата која е условена од годините. Како последица од опаѓање на функцијата на кожата, зрелата кожа станува значително посува и погруба, а може да се јави и чешање. Ова се случува заради намалената количина на хијалуронска киселина и може да води до создавање длабоки брчки.
Доколку ги забележавте првите знаци на стареење и опуштање на кожата, тогаш дознајте како природно да ја затегнете вашата кожа на лицето.