Внимавајте на овие „совети“ за вашата вагина

Внимавајте на овие „совети“ за вашата вагина

Жените може да добијат многу погрешни совети за нивното здравје од Јутјуб. Овде постојат безброј видеа кои нудат „совети“ за здравјето на вагината и домашни лекови за болести како габичната инфекција. Некои од овие видеа дури тврдат дека овие совети „може да го спасат вашиот живот“.

(1)vnimavajte-na-ovie-soveti-za-vashata-vagina-kafepauza.mk

И додека дел од нив навистина се добри, како менувањето на долната облека после вежбање, другите, како потопување на тампонот во јогурт, воопшто не се препорачани од докторите. Проблемот е што некои од овие совети можат дури да го загрозат вашето здравје. Токму затоа прочитајте го добро текстот во продолжение и погрижете се да ги запомните овие информации за да го задржите здравјето на вашата вагина.

Што да правите, а што не за мирисот на вагината и габичните инфекции

(2)vnimavajte-na-ovie-soveti-za-vashata-vagina-kafepauza.mk

Многу видеа предлагаат да користите парфеми за да се ослободите од непријатниот мирис на вагината, но треба да знаете дека ако чувствувате миризба што е доволно силна за да имате потреба да ја прикриете, може да е знак за проблем кој морате да го проверите.

Овие видеа, па дури и некои веб-сајтови за здравје, советуваат да го натопите тампонот во јогурт за да се справите со габичната инфекција и непријатната миризба. Некои од нив дури советуваат да ставите чешне лук во вашата вагина како лек за габичната инфекција. Многу луѓе мислат дека бактериите во јогуртот се добри за вашата вагина бидејќи истите бактерии ги има и во неа, но тие се сосема различни.

Многу од жените кои мислат дека имаат габична инфекција, всушност ја немаат. Бактериската вагиноза е многу почеста од габичната инфекција, а тоа е збунувачки бидејќи жените имаат иритација и малку мирис, па првото нешто на коешто помислуваат е габична инфекција.

Докторите исто така препорачуваат да не ставате никаква храна во вашата вагина. Ако не сте сигурни што се случува таму долу, веднаш одете на гинеколог. Немојте да ставате ништо внатре бидејќи може да предизвикате инфекција или да ја влошите онаа што веќе ја имате.

Совети за тампони

(3)vnimavajte-na-ovie-soveti-za-vashata-vagina-kafepauza.mk

Друг совет ги охрабрува девојките кои имаат проблеми со местењето на тампонот, да користат плунка како лубрикант. И ова не е препорачано од докторите. Устата е полна со бактерии, и затоа подобро е да ставите вода на отворот на вагината за да го олесните ставањето на тампонот. Исто така, ако ви е тешко да го наместите тампонот, може да станува збор за анатомски проблем и би требало да отидете на доктор за совет.

Пареа на вагината

(4)vnimavajte-na-ovie-soveti-za-vashata-vagina-kafepauza.mk

Овој тренд, кој го започнала Гвинет Палтроу, е особено проблематичен. Процесот кој вклучува „дување“ на пареа со тревки во вагината може да предизвика изгореници и алергиска реакција. Кожата на вагината е многу почувствителна од кожата на телото, па кај некои луѓе се јавуваат разни реакции од продукти или тревки.

Сето ова се сведува на едно нешто: Ако имате грижи или некој проблем, најдобро е да одите на доктор.

Погледнете и кои се причините за вагиналниот мирис и како да се ослободите од него


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар