Внимавајте на овие 8 знаци, бидејќи тие се јавуваат еден месец пред инфарктот

Внимавајте на овие 8 знаци, бидејќи тие се јавуваат еден месец пред инфарктот

Многу од овие симптоми се поврзани со стресот или едноставно со заморот и затоа поголемиот дел од пациентите не ги препознаваат како аларм пред инфаркт. Обрнете внимание на вдишувањето, изразениот замор и потењето. Доколку забележите некои од овие симптоми не треба да паничите, но во секој случај треба да се јавите кај вашиот доктор за да ги избегнете можните сомнежи.

1-vnimavajte-na-ovie-8-znaci-bidejkji-tie-se-javuvaat-eden-mesec-pred-infarktot-www.kafepauza.mk_

1. Болка во градите

Мажите и жените ја чувствуваат болката во градите различно и според интензитетот и според траењето. Кај мажите, ова е еден од најизразените симптоми кои укажуваат на можност од срцев удар, и никако не треба да го игнорираат. Кај жените, овој симптом се јавува само во 30% од случаите. Болката во градите може да се прошири и на другите делови од телото, во двете раце (понекогаш само во левата), вилицата, рамењата или горниот дел од стомакот. Болката може да биде константа или да се јавува одвреме-навреме.

2. Прекумерно потење

Оваа состојба е еден од посериозните рани знаци кои предупредуваат на можен срцев удар. Може да се потите во која било доба од денот или ноќта. Почесто се јавува кај жените отколку кај мажите, но тие честопати знаат да го протолкуваат како бранови на топлина врзани за менопаузата. Во поголем дел од случаите луѓето се потат во текот на ноќта. Можните симптоми се слични како за настинката, чувство на леплива кожа или ненадејни налети на топлина и потење без оглед на надворешните фактори како што се температурата и облеката.

2-vnimavajte-na-ovie-8-znaci-bidejkji-tie-se-javuvaat-eden-mesec-pred-infarktot-www.kafepauza.mk_

3. Неправилен срцев ритам

Аритмијата или неправилните отчукувања на срцето се чести и за време на паника. Оваа состојба почесто ја искусуваат жените отколку мажите. Промените на срцевиот ритам се создаваат ненадејно и се манифестираат на два начини: аритмија (неправилна срцева фреквенција) или тахикардија (забрзано отчукување на срцето). Неправилниот срцев ритам може да трае до две минути, а доколку после тоа не се стабилизира, можна е силна вртоглавица и замор, кои се јавуваат пред срцевиот удар. Веднаш повикајте доктор.

4. Губење на косата

Губењето на косата се смета за уште еден од очигледните показатели за срцева болест. Најчесто ги погодува мажите постари од педесет години. Ќелавоста, исто така, се поврзува и со нивото на кортизол, хормонот на стрес. Треба да внимавате на губењето на косата од врвот на главата.

3-vnimavajte-na-ovie-8-znaci-bidejkji-tie-se-javuvaat-eden-mesec-pred-infarktot-www.kafepauza.mk_

5. Краток здив

Неможноста за длабоко вдишување е еден од јасните знаци за можен срцев удар. Се јавува и кај мажите и кај жените околу шест месеци пред инфарктот. Освен неможноста длабоко да земете воздух, може да почувствувате и вртоглавица и како да не можете да дојдете до здив.

6. Несоница

Се поврзува со зголемен ризик од срцев, но и мозочен удар. Почеста е кај жените и обично ја следи анксиозност. Несоницата вклучува симптоми како тешко заспивање, чести ноќни будења и рано утринско будење.

4-vnimavajte-na-ovie-8-znaci-bidejkji-tie-se-javuvaat-eden-mesec-pred-infarktot-www.kafepauza.mk_

7. Болки во стомакот

Надуеност, грчеви, мачнина и болка на „празен желудник“ може да се јавуваат периодично неколку месеци пред инфарктот, односно болките може да престануваат и повторно да се активираат. Подеднакво се јавуваат и кај мажите и кај жените.

8. Изразен замор

Еден од најизразените симптоми на срцев удар е невообичаениот замор кој се јавува само неколку дена пред инфарктот. Жените почесто го пријавуваат овој симптом, но тие обично го мешаат со пролетниот замор или исцрпноста. Овој замор не е поврзан со физичка или ментална активност, а често е толку изразен што оневозможува извршување на лесни задачи како што се средување на креветот или туширање. Честопати се јавува навечер.

Ви предлагаме да ги прочитате овие изненадувачки совети кои го намалуваат ризикот од срцев удар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар