Внимавајте: Можеби ве разубавува, но шминката може да биде и извор на сериозни проблеми
Шминката сама по себе не мора да биде лоша, ако правилно ја користите. Меѓутоа ако направите некоја од овие грешки, може да завршите со ниту малку пријатни проблеми на лицето. Дерматологот Горана Исаиловиќ открива кои козметички производи може да бидат извор на незгоди.
1. Пудра
Пудрата нема многу да ви наштети доколку ја бришете пред спиење. Меѓутоа, многу девојки прават голема грешка бидејќи не го читаат составот кога ја купуваат. Тоа доведува до непријатни резултати, како што се мозолчиња и акни. Потоа врз тие акни повторно нанесуваат пудра, што ја влошува ситуацијата.
„Ако имате проблеми со кожата, никако не смеете да користите пудра која содржи масло, бидејќи тоа може да доведе до таканаречените козметички акни. Тоа е голем проблем на многу девојки, а решението е премногу лесно. Едноставно, најдете пудра на која ќе пишува дека не содржи масло“ – истакнува Исаиловиќ, и додава дека изборот на вистинската пудра е полесен отколку лечењето на акните.
2. Молив за очи
Ако сакате да ги исцртате очите со црна боја, особено внатрешната линија на долниот капак, тогаш правите голема грешка. Моливот за очи не треба да дојде во директен контакт со очите, бидејќи може да добиете инфекција или пак конјунктивитис. Ова посебно се однесува на евтините марки, за кои не е проверено дали се дерматолошки тестирани. Затоа, ако баш сакате црна линија на капакот направете го тоа веднаш до трепките, но на надворешната а не внатрешна страна, која е многу близу до окото.
3. Четките
Четките се вистинско легло за бактериите и нечистотиите, па затоа за нив треба посебно да се грижите. Ова се однесува на четките кои се користат за нанесување на руменило, пудра или други производи на самата кожа на лицето, но не треба да ги заборавите и четките за очи.
Четките треба да се индивидуална работа и не треба со никој да ги делите. Затоа би било добро секогаш да имате своја четка покрај себе, па дури и кога одите на професионална шминка, бидејќи на тој начин може да се шират бактериите. Исто така неопходно е редовно да ги миете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.