Внимавајте: 6 физички симптоми кои покажуваат дека сте изложени на преголем стрес

Внимавајте: 6 физички симптоми кои покажуваат дека сте изложени на преголем стрес

Никој не може целосно да го избегне стресот, но тоа што може да се направи е да се ограничи неговиот интензитет. Дознајте кои физички симптоми се често предупредување на тоа дека сте под преголем стрес. Нутриционистот Шарлот Ватс вели дека на стрес може да упатуваат и некои физички показатели кои често се јавуваат кај личностите кои секојдневно се изложени на него. Ватс вели дека телото кое е под притисок побрзо ги апсорбира хранливите состојки, што значи дека организмот функционира побрзо, но помалку ефикасно.

1-vnimavajte-6-znaci-na-teloto-koi-pokazhuvaat-deka-ste-pod-pregolem-stres-www.kafepauza.mk_

Симптомите кои се јавуваат најчесто се поврзуваат со недостаток на витамини и минерали, што предизвикуваат крвавење на непцата и појава на бели дамки на ноктите. Нутриционистката вели дека секој симптом укажува на недостаток на одреден витамин или минерал:

1. Испукани усни – Недостаток на витамин Б6.

2. Бруксизам или крцкање со забите – Недостаток на витамин Б5.

3. Појава на бели дамки на ноктите – Недостаток на цинк.

4. Тврда столица или дијареја – Недостаток на магнезиум.

5. Тврди акни на рацете и бедрата – Недостаток на витамин Е.

6. Чести инфекции на грлото и градниот кош – Недостаток на витамин А.

Направени се бројни студии кои докажуваат дека стресот влијае и на промена на тежината. Истражувањето спроведено на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско покажало дека жените кои поминале низ некој стресен настан се склони кон дебелеење за разлика од оние кои живеат мирен живот.

И додека поголем дел од научниците тврдат дека стресот има само негативна страна, група научници од Универзитетот Нортвестерн во Илиноис тврдат дека малата количина стрес може да биде од корист за клеточното здравје. Истражувањето чии резултати се објавени во журналот „Cell Reports“ упатува на тоа дека кортизолот, често наречен „хормон на стресот“, може да ги заштити клетките кои стареат и да го намали ризикот од развој на дегенеративни болести како Алцхајмеровата и Хантингтоновата болест.

Доколку сте под стрес, прочитајте го ова 2-минутно правило што ќе ви помогне лесно да се ослободите од стресот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар