Внимавајте: 4 знаци дека со сопругот се однесувате како да е дете
Секако дека треба да бидете најдобрата мајка на светот за вашите деца, но внимавајте да не се однесувате како да сте му мајка и на вашиот сопруг. Тоа ќе ги „залади“ вашите односи и ќе ја убие страста. Сепак, честопати се случува жените да ги третираат нивните сопрузи како деца. Доколку се пронајдете во следниве 4 знаци, време е да го преиспитате вашето однесување кон партнерот…
1. Постојано го потсетувате и му додевате за некои работи
Сте чуле за стереотипот за досадната сопруга? Сите стереотипи во себе кријат по малку вистина. Ако постојано го потсетувате сопругот што треба да направи, тоа значи дека го сметате за незрело детиште. Нормално е тоа што се фрустрирате секогаш кога ќе заборави да купи млеко или да им ги даде лековите на децата, но мора да му дозволите самиот да си ја научи лекцијата кога ќе погреши нешто, наместо постојано да го потсетувате на неговите обврски. Имајте доверба во партнерот. Секако дека некои мажи се толку неодговорни што не ви преостанува ништо друго освен постојано да ги потсетувате и да ја преземате контролата во ваши раце. Доколку се работи за таков случај, време е сериозно да поразговарате со сопругот.
2. Не му дозволувате на вашиот партнер да преземе некаква одговорност
Дали вие ги донесувате сите одлуки во вашиот дом? Не барате ништо од вашиот партнер, затоа што сакате вие да ги контролирате работите и не верувате во неговите способности. Ова е вистински проблем. Дефиницијата за партнер гласи: „Партнер е човек кој учествува во заедничкото извршување на обврските.“ Тоа значи дека вашиот партнер треба да прави нешто. Не сте сами во бракот. Ова се случува поради 2 можни причини: Вие или вашиот партнер. Доколку сакате постојано да ги контролирате сите, мора да се повлечете, да се справите со вашата анксиозност и да му дозволите на партнерот да ја преземе контролата во свои раце. Ако проблемот произлегува од вашиот партнер, време е да разговарате и да му дадете до знаење дека мора да преземе одговорност за некои работи.
3. Вие сте секогаш задолжени за вашите деца
Дали ги оставате децата сами со вашиот сопруг или се двоумите дали да му ја препуштите таа одговорност? Доколку се работи за второто, запрашајте се зошто е тоа така. Дали мислите дека вашиот сопруг не е способен да биде родител? Дали вие мора да ги контролирате работите? Дали вашиот партнер се однесува несигурно кога е подолго време сам со децата? Ако сметате дека не можете да му дозволите на сопругот да се грижи за децата, тоа е голем знак на предупредување. Како можете да сакате и да бидете венчани со човек кој е неспособен да ги извршува родителските обврски?
Можеби вашиот партнер верува дека мајките треба да се грижат за децата. Ова е многу традиционално гледиште кое е сѐ уште застапено кај луѓето и не е праведно, но вам можеби не ви пречи. Од друга страна, пак, можеби премногу сте го критикувале неговиот начин на воспитување, па тој почнал да се чувствува несигурно како татко. Секако дека треба да си давате совети кога станува збор за грижата за децата, но не заборавајте дека најважна е тимската работа. Две глави подобро размислуваат од една.
4. Имате незрел сопруг
Дали го третирате вашиот сопруг како дете затоа што така се однесува? Во тој случај, запрашајте се дали навистина ви треба уште едно бебе. Доколку вашиот партнер не знае да управува со финансиите, лошо се однесува со децата, премногу излегува и е многу себичен, треба да размислите дали сакате да останете во таков брак.
Без разлика дали имате причина да му изигрувате мајка на вашиот сопруг или не, мора да се повлечете и да размислите за семејната и брачната динамика за да дознаете зошто тоа се случува и како можете да го поправите. Можеби сте навикнати да ја преземате улогата на мајка во секоја ваша врска, но тоа не треба да биде така. Вашето родителско однесување кон сопругот можеби се должи на вашата анксиозност или недоверба кон партнерот. Во секој случај, тоа мора да престане, а колку побрзо ги промените работите толку подобро.
Прочитајте ги и следниве совети за да го сочувате вашиот брак.