Внимателно слушајте го вашиот инстинкт: 5 претчувства кои не треба да ги игнорирате!

Внимателно слушајте го вашиот инстинкт: 5 претчувства кои не треба да ги игнорирате!

Интуицијата не е добро развиена кај секого од нас, но сите имаме претчувства. По правило, луѓето не обрнуваат преголемо внимание на нив, а со тоа прават голема грешка. Иако не се сите претчувства важни, ние денес ќе ви го свртиме вниманието кон оние што во никој случај не треба да ги игнорирате.

2-vnimatelno-slushajte-go-vashiot-instinkt-5-pretchuvstva-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-www.kafepauza.mk_

1. „Не се чувствувам добро“

Ако нешто ве боли, а вие сметате дека тоа ќе помине само од себе, тогаш ризикувате да направите голема грешка. Организмот благовремено дава сигнали дека нешто не е во ред со вас. Доколку го чувствувате тоа и ви е неудобно, треба да се јавите кај вашиот доктор. Не треба да го игнорирате вашето здравје! Исто така, обидете се да обрнете внимание на тоа како се чувствувате во моментот додека разговарате со луѓето. Ако сте забележале дека честопати ве боли глава или стомак додека сте со одредена личност, тогаш тој или таа сигурно не ви одговара за поблиска комуникација.

2. „Оваа ситуација изгледа опасно“

Опасноста, исто така, не треба да се игнорира! Понекогаш ова чувство буквално боде во очи, но вие сепак одлучувате да ризикувате и да ја проверите ситуацијата. Тоа воопшто не е паметна одлука. Ако вашето претчувство „вриска“ за опасност, треба да го послушате и да почекате. Верувајте, инстинктот навистина може да ве сочува од неволја!

3. „Треба да му помогнам на овој човек“

Претчувствата понекогаш ни кажуваат и за некои добри работи. Во современиот свет луѓето сѐ помалку си помагаат еден на друг, бидејќи насекаде околу нас постои само конкуренција и борба за авторитет. Сепак, никогаш не треба да заборавите на човечноста. Ако се „фатите“ себеси како постојано размислувате за еден ист човек, кому навистина му е потребна вашата помош, помогнете му!

1-vnimatelno-slushajte-go-vashiot-instinkt-5-pretchuvstva-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-www.kafepauza.mk_

4. „Можам да го направам ова“

Тука станува збор за природните таленти на човекот. Понекогаш луѓето премногу размислуваат за своите можности, па заради тоа едноставно некои од нив ги пропуштаат. Ако во некој момент почувствувате дека треба да поверувате во вашите умеења, тогаш направете го тоа! Немојте ни да размислувате, едноставно препуштете им се на вашите инстинкти и вештини. И тоа ќе ве доведе до успех!

5. „Ова вака треба…“

Ова чувство понекогаш се јавува дури и во ситуациите кои на никого не може да му изгледаат исправни. Но, во тоа е и целата суштина. Ако целиот свет ви зборува дека правите грешка, а нешто силно во вас ве тера да делувате, тогаш треба да се послушате самите себе. Треба да направите избор? Посоветувајте се со вашите најблиски, но сепак најмногу слушајте се себе, бидејќи вие сте оние што ќе треба потоа да живеат со вашиот избор.

Немојте да се плашите од вашите претчувства, тие секогаш работата во ваша корист. Можеби сакате да дознаете нешто повеќе за тоа како да ја следите вашата интуиција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар