Внимателно изберете каде да ставите тетоважа според оваа мапа на болката

Внимателно изберете каде да ставите тетоважа според оваа мапа на болката

Тетоважите апсолутно не се за секого, но ако размислувате да ставите, погрижете се да бидете добро информирани во што се впуштате. Оваа мапа на болката ги означува сите места на телото на кои најмногу боли кога иглата се пробива низ кожата.

vnimatelno-izberete-kade-da-stavite-tetovazha-spored-ovaa-mapa-na-bolkata-kafepauza.mk

Ставањето тетоважа секако боли, тоа не може да се избегне. Сепак, некои делови од телото се екстремно сензитивни на болка, па само најхрабрите би можеле да се осмелат да стават тетоважи на овие зони. На цртежот од Tattoos-Hurt.com со помош на бои е прикажано како изгледа сензитивноста на болка на секој дел од телото. Со жолто се означени најмалку болните места, додека виолетовите се екстремно болни.

Не е изненадувачки тоа што најболните места се сметаат и за најранливи точки на телото.

2-vnimatelno-izberete-kade-da-stavite-tetovazha-spored-ovaa-mapa-na-bolkata-kafepauza.mk

По правило, ако сте многу скокотливи на одреден дел од телото, веројатно многу ќе боли ако го истетовирате. Важно е да имате предвид дека секој нема ист праг на болка, па овој цртеж не може да важи апсолутно за сите, но сепак дава ефективна слика која може да ви помогне при изборот на локација за поставување тетоважа. Покрај локацијата, не заборавајте и да изберете нешто што навистина ви се допаѓа.

Погледнете ја и мапата која покажува што се случува со телото кога чувствуваме одредени емоции.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар