Внимание: Овие 4 намирници никако не смеете да ги замрзнувате!
Откако е измислен, замрзнувачот многу ни го подобри и олесни животот. Во него ставаме разни нешта – од месо до зеленчук, готови јадења и слатки кои се тука кога ни требаат. Сепак, не можат и не смеат баш сите продукти да се замрзнуваат – постојат одредени продукти кои се уништуваат од ваквиот начин на складирање. Еве кои се тие.
1. Храна која содржи голема количина вода
Краставици, ротквички, лубеница, портокал – овие производи никогаш не би требало да ги замрзнувате. Во прашање се продукти кои се преполни со течност кои за време на процесот на замрзнување се кристализираат и веднаш после одмрзнувањето целосно ја менуваат структурата и стануваат како пире. Од друга страна, свежата зелена салата ќе овене и ќе стане кафеава.
2. Млечни производи
Иако замрзнувањето на јогуртот, свежите, кремастите и полутврдите сирења нема да ви наштети на здравјето, овие намирници не би требало да се најдат во вашиот замрзнувач. Ниските температури влијаат на нивниот изглед и структура. Откако ќе ги одмрзнете, исто како сочното овошје и зеленчук – тие ќе станат водести и нема да бидат ни приближно вкусни како кога се свежи.
3. Јајца
Јајцата се продукт кој оди со разни јадења и е најдобро да се користат свежи. Замрзнувањето на јајцата може да ви создаде големи проблеми и да ја промени нивната структура. Свежите јајца во лушпа ќе се распрснат, а ледените варени јајца ќе станат гумени. Ако сепак сакате да ги замрзнете, одвојте ги од лушпата и пред да ги замрзнете ставете ги во сад или ќесе.
4. Пржена и печена храна
Веќе подготвената храна, без разлика дали е печена или пржена во длабоко масло или на скара – компири, похувано месо или зеленчук, по замрзнувањето никогаш повеќе нема да биде иста. Нејзината крцкава структура и вкус целосно ќе исчезнат, а ќе останат само гмечени и влажни остатоци.