Внимание: Кујнски прибор кој има помал рок на траење отколку што сте мислеле

Внимание: Кујнски прибор кој има помал рок на траење отколку што сте мислеле

Многумина од нас во својата кујна имаат стар дрвен кујнски прибор кој го користела нашата баба или пак, мајката во своето детство Секако, дури и покрај тоа што имаме нов, ни на крај памет не ни паѓа да го фрлиме овој, па затоа и одвреме-навреме го користиме. Но, можеби е подобро конечно да го тргнете настрана и да го претворите во спомен бидејќи неговиот рок на траење е одамна поминат. Погледнете за кои предмети од кујната станува збор…

Внимание: Кујнски прибор кој има помал рок на траење отколку што сте мислеле

Дрвен кујнски прибор – до 5 години или сè додека не забележите пукнатини, промена на бојата или да почувствувате дека површината е значително омекната. Не заборавајте дека дрвото е порозен материјал кој впива мириси, влага, но и сите бактерии. Токму затоа мијте го дрвениот прибор веднаш по користењето и немојте премногу долго да го оставате да биде мокар покрај нечистите садови. Исто така, не го сушете на влажно место.

Гумени или силиконски шпатули – до 2 години или сè додека не забележите промена на бојата, пукнатини или кинење. Шпатулите исто така имаат и хигиенски проблем. Поголемиот дел од нив се направени од два дела, дршка и глава. Токму местото каде што се споени овие два дела и во кои влегува храната која ја користиме, многу тешко се чисти. Доколку забележите талог кој не може да се тргне, време е за нова шпатула.

Садови со нелеплива површина – до 3 години или сè додека не забележите длабоки гребаници, лупење на површината и парчиња од садот во храната. Доколку сакате да го продолжите векот на траење на овој сад, многу е важно да го покриете со хартиена крпа пред во него да ставите друг сад кога не го користите. Доколку сте во можност, чувајте го на ѕид или на површина каде што нема да редите други садови во него.

Пластични даски за сечење – до 3 години или сè додека траговите од ножот не станат толку длабоки што нема да можете да ги исчистите сите остатоци храна од нив. Немојте да заборавите дека за секој вид храна треба да имате посебна даска. На онаа која е наменета за риба или месо, не подготвувајте овошје или зеленчук со цел да спречите евентуални бактерии од месото или рибата да ги контаминираат другите намирници.

Мали кујнски ножици – до 5 години или сè додека не фатат ‘рѓа, имаат размрдана рачка или веќе не можете да ги наострите. Овие ножици за повеќе намени се често во употреба во кујната, па затоа понекогаш ги користиме дури и секојдневно. Тоа е една од причината зошто тие толку брзо се трошат. Доколку сакате да им го продолжите рокот на траење, брусете ги еднаш неделно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар