Внимание: 5 здрави видови храна кои не смеете да им ги давате на децата
Балансираната исхрана е клучот за здравјето. Но, понекогаш здравите видови храна можат да предизвикаат голем број проблеми за децата бидејќи нивниот организам не може да преработи одредени состојки, а имунитетот им е премногу слаб за да се изборат со оние навидум безопасни нешта. Прочитајте за што станува збор…
1. Мед
Децата до втората година не смеат да јадат мед бидејќи истиот може да содржи токсин наречен „Clostridium botulinum“ кои предизвикува труење познато како ботулизам. Имунитетот на возрасните е способен да се бори против овие нешта, но не и оној на децата, па токму затоа и најдобро е доколку во целост го избегнувате во раните години на вашите најмали.
2. Непастеризирано млеко
Кравјото млеко содржи млечни протеини кои децата до првата година не можат да ги обработат, па токму затоа и не се препорачува воведување на ова млеко во нивната исхрана пред првиот роденден. Исто така, во овој период избегнувајте и домашно млеко кое не поминало низ процесот на пастеризација. Домашното млеко има богат вкус и некои луѓе веруваат дека е подобро од индустриското, но може да содржи бактерии кои можат да предизвикаат дигестивни проблеми кај децата.
3. Некои видови риби
Рибата е одличен извор на омега 3 масни киселини и протеини, па токму затоа се препорачува нејзина консумација од најраната доба. Но, некои видови риби, како туна, сабјарка и скуша можат да содржат значајни траги жива кои ќе му наштетат на нервниот систем на детето, па затоа и треба да ги тргнете од неговото мени.
4. Цитрусно овошје
Лимон, лимета, грејпфрут и портокал се дел од најздравите плодови за човекот кои се карактеризираат со огромни количини витамин Ц. Но, овие плодови исто така ги одбележува и висока киселост која може да го надразни чувствителниот желудник на детето и да предизвика нафрлање на кожата. Токму затоа се препорачува да се избегнува овој вид храна до првата година.
5. Храна која предизвикува гасови
Брокулата и гравот се само дел од храната со висок процент хранливи влакна кои го подобруваат варењето на храната, но исто така и предизвикуваат многу гасови. Ова се случува и кај возрасните, но кај децата можат да предизвикаат силни болки во пределот на стомакот, па токму затоа и подобро е да почекате со воведувањето на оваа храна кај најмалите.