Внесете ја пролетта во вашиот дом со оваа одлична идеја
Доколку сакате да внесете пролетна свежина и прозрачност во вашиот дом, можете да го направите тоа со само неколку детали со пастелни бои. Тоа можат да бидат украси, прекривачи, столови и слично.
Дизајнерите предлагаат да се откажете од идејата за бели ѕидови. Доколку сепак не сакате цела соба да биде со боја, обојте барем еден ѕид во дневната или спалната соба со нежна пастелна нијанса на зелена, сина, сива, па дури и виолетова боја.
Деталите со пастелна розова боја исто така можат да му дадат свежина, женственост и пролетен дух на вашиот дом. Овие бои ќе го направат вашиот стан навистина удобно место за живот. Идеи, како и секогаш, има многу, а на видеото во продолжение можете да погледнете неколку идеи за цветни пролетни аранжмани со кои ќе ја внесете природата во вашиот дом.
Погледнете и како да внесете повеќе светлина во вашиот дом.