Претходно
Вкусно смуди од шумски плодови
Брзо, едноставно и диетално смуди од шумски плодови. Се приготвува за неколку минути и има одличен вкус.Потребни состојки за две чаши смуди:
- 3 полни раце боровинки или црни рибизли
- 1 чаша сок од портокал или ананас
- 250 грама обезмастено кисело млеко
- 1 кафена лажица мед
Начин на подготовка: Ставете ги состојките во блендер и блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Сервирајте во чаша. За диеталниот ефект да биде поголем, јадете го смудито со кафена лажица. На тој начин, свежиот и вкусен енергетски оброк брзо ќе ве засити.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.