Вкусно, превкусно: Рецепт за ѓозлеме со спанаќ и сирење

Вкусно, превкусно: Рецепт за ѓозлеме со спанаќ и сирење

Денес ви споделуваме рецепт за еден од специјалитетите на турската кујна, ѓомлезе, еден вид палачинка со спанаќ, сирење или мелено месо. Сигурни сме дека ќе му се допадне на целото семејство!

Вкусно, превкусно: Рецепт за ѓомлезе со спанаќ и сирење

Потребни состојки:

За тесто:

  • 375 грама брашно
  • 85 милилитри маслиново масло
  • 185 милилитри вода
  • 1/2 лажичка сол

За фил:

  • 300 грама спанаќ
  • 2 чешниња лук
  • 2 јајца
  • 1 лажичка црн пипер
  • 300 грама фета сирење
  • 200 грама моцарела

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги брашното, маслото, солта и водата во садот со миксер со кука за тесто. Мешајте околу 3 минути со средна брзина додека тестото не стане мазно, но не лепливо. Доколку е потребно, додадете брашно. Покријте го и оставете го да отстои околу 20 минути.

2. Посипете ја со брашно работната површина. Поделете го тестото на четири дела. Расукајте го во правоаголник од 35 x 20 центиметри.

3. Во сад ставете ги сечканиот спанаќ, лукот, јајцето и биберот. Мешајте со раце за спанаќот да биде покомпактен, додадете фета сирење и одново измешајте.

4. Половина од тестото премачкајте го со филот и посипете со рендана моцарела. Преклопете ја другата страна од тестото за да го покриете филот. Притиснете ги рабовите и цврсто затворете го тестото.

5. Загрејте 1,5 лажици масло во голема тава на средно-силен оган. Ставете едно од парчињата во тавата и пржете околу 3 минути додека не порумени и не стане крцкаво, па повторете ја постапката со останатите парчиња. Можете и да ги испечете на скара. Послужете со парчиња лимон. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за турски пудинг со бадеми и кокос.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар