Претходно
Вкусно и здраво домашно чоколадо
За да уживате во вкусот на чоколадото, не мора да го купувате. Иако можеби нема да изгледа како купечкото, со овој рецепт можете да направите вкусно и здраво чоколадо без шеќер, масти и адитиви.
Потребни состојки:
- 70-100 грама какао
- 50 милилитри млеко
- 2 лажици мед (наместо мед можете да употребите фруктоза или кокосов шеќер)
- 50 грама обично или кокосово масло
- Малку цимет
Начин на подготовка:
- На тивок оган загрејте го млекото, но не му дозволувајте да зоврие. Промешајте, додајте ги маслото и циметот и повторно промешајте.
- Во сад измешајте ја смесата со какаото. Какаото додавајте го постепено и со мешање за да не се формираат грутки.
- Готовата смеса загрејте ја на тивок оган или пареа.
- Тргнете го тенџерето од оган и додајте мед.
- По желба можете да додадете исечкани или цели пропржени ореви, бадеми, лешници или суво овошје.
- Смесата можете да ја ставите во калап или да ја поделите на мали делови. Оставете ја еден час во фрижидер, а потоа уживајте во домашно направеното чоколадо.
Пробајте го и овој здрав и вкусен рецепт за чоколадо со кокосово масло.