Претходно
Вкусно и лесно: Бисквити со оризово брашно
Овие вкусни и лесни бисквити со оризово брашно се совршени за појадок или ужинка. Идеални се за сите оние кои имаат нетолеранција кон глутен.
Потребни состојки:и
- 200 г оризово брашно
- 75 г путер
- 60 г шеќер
- 1 јајце
- сок од половина лемон
Начин на подготовка:
- Измешајте го јајцето со шеќерот.
- Потоа, додајте го сокот од лимонот и стопениот путер. Мешајте.
- Додадете го брашното. Направете топка и завиткајте ја во фолија или ќеса и оставете во фрижидер за 1 час.
- Потоа, на рамна површина ставете малку брашно и расукајте го тестото.
- Со калап за двојни бисквити исечете го тестото. Ако немате таков калап, не мора да правите двојни бисквити, но можете да бидете креативни со други фигури.
- Печете на 180 степени околу 10 минути додека не добијат кафеникава боја.
- Доколку користевте калап за двојни бисквити на едниот дел (како што е на сликата) ставете џем по избор, а потоа залепете ја и другата бисквита.
Можеби ќе сакате да ги пробате и овие чизкејк мафини со тиква.