Вкусни мини пици готови за 20 минути

Вкусни мини пици готови за 20 минути

Рецептот за мини пици е совршен за оние моменти кога ви се брза, а сакате да јадете нешто вкусно и солено

Вкусни мини пици готови за 20 минути

Потребни состојки:
  • 3-4 готови тортиљи
  • 300 грама пасиран домат
  • 75 грама рендан пармезан
  • ½ кафена лажичка сол
  • ½ кафена лажичка бибер
  • ½ кафена лажичка оригано
  • 150 грама моцарела сирење
  • 100 грама салама по желба
Начин на подготовка:

Mешајте го пасираниот домат со солта, биберот, ориганото и пармезанот, додека не добиете сос. Од секоја тортиља исечете 4 мали кругови и ставете ги во калап за печење мафини, кој претходно ќе го намачкате со малку путер или масло. На нив ставете 1 лажица од доматниот сос. Додадете малку од ренданото моцарела сирење и неколку парчиња салама по желба. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени од 10 до 12 минути. Извадете од калапот и уживајте.

Погледнете го следново видео за дополнителни насоки:


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар