Вкусни мекички кроасани за појадок

Вкусни мекички кроасани за појадок

Вкусен појадок, кој можете да си го подготвите во блага или солена варијанта, а совршено оди во комбинација со вашето пладневно кафе.Вкусни мекички кроасани за појадокПотребни состојки:

  • 1 кг брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 40 г квасец
  • половина филџан масло
  • сол по потреба (2 лажички за солени, 1 прстофат за благи)
  • 4 дл млеко
  • 2 дл јогурт
  • 200 г маргарин
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 жолчка од јајце и малку павлака за премачкување
  • сусам за посипување по желба

Вкусни мекички кроасани за појадокНачин на подготовка:

1. Сите наведени состојки ставете ги во поголем сад и замесете го тестото. Откако убаво ќе го измесите, поделете го на 8 делови и секое парче убаво обликувајте го како топче и оставете го на страна малку да постои.

2. Земете сукало и секое топче растегнете го во големина на палачинка. Намачкајте го растегнатото тесто со маргарин, потоа одозгора ставете уште една „палачинка“, а потоа и неа намачкајте ја со маргарин. Треба да добиете две теста по четири палачинки, со тоа што последната – четвртата не ја мачкате со маргарин.

3. Потоа секое тесто истанчете го до дебелина од 3 до 4 мм. Тестото пресечете го на 4 дела, а потоа секој дел пресечете го на уште 4 дела, така што од секое тесто да добиете по 16 кифли. Кроасаните можат да се филуваат со некое сирење или кашкавал кои добро се растопуваат или да ги подготвите во слатка варијанта, така што во нив ќе свиткате коцки чоколадо.

4. Смотајте кифлички од широкиот кон потесниот дел и редете ги во тепсија обложена со хартија за печење, која не треба да се подмачка. Изматете ја жолчката со 1 лажичка павлака и намачкајте ги кифлите, посипете ги со сусам или уште подобро со бадемови трошки и оставете го тестото да нарасне двојно.

5. Печете ги во загреана рерна на 200° C, додека не се заруменат.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар