Вкусни крофни со чоколаден прелив и шеќер во прав
Најдобриот начин да се заокружи еден оброк, се разбира, претставува десертот. Па, еве една интересна и вкусна идеја како да го засладите вашиот денешен ручек.
Потребни состојки:
1. За тестото:
- 500 грама брашно
- 1 кафена лажичка сол
- 1 кафена лажичка шеќер
- 3 кафени лажички сув квасец
- 2 кафени лажички топено чоколадо
- 1 јајце
- 4 кафени лажички масло
- 250 милилитри чоколадно млеко
2. За преливот:
- 500 милилитри млеко
- 3 кафени лажички рендана лимонова кора
- 80 грама чоколадо
3. За декорација:
- Шеќер во прав
Начин на подготовка:
Во длабок сад насејте го брашното и додајте ги сувите состојки. Стоплете го чоколадното млеко, додајте ги стопеното чоколадо, маслото и јајцето, па соединете ги со сувиот дел и направете мазно тесто. Тестото покријте го со памучна крпа и оставете го да нарасне. Кога ќе нарасне, развлечете го нежно со сукало и со кружен калап или чаша поделете го на кругови.
Премачкајте го плехот и наредете ги крофните. Оставете ги да одморат уште 10 минути. За тоа време згответе го млекото, шеќерот, лимоновата кора и чоколадото. Рерната загрејте ја на 180 или 200°C и со врелиот прелив полијте ги крофните. Печете додека крофните не поруменат и не го впијат целиот прелив. Готовите крофни посејте ги со шеќер во прав и послужете.