Вкусни крцкави соленки кои одат одлично со пиво
Одлично мезе за со пиво, а и супер закуска доколку сте гладни…Потребни состојки:
- 65 г интегрално брашно
- 180 мл пиво
- 1 лажичка мед
- 1 лажица квасец во прав
- 165 г брашно
- 3 лажици маслиново масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка: Во голем сад, измешајте ги интегралното брашно, квасецот, пивото и медот. Мешајте со дрвена лажица додека не добиете хомогена смеса, а потоа оставете го тестото да отстои барем 10 минути.
Потоа, додадете го обичното брашно, маслиновото масло и малку сол. На работната маса расфрлајте малку брашно и месете го тестото 5 минути додека не стане еластично и додека не добие мазен и сјаен изглед. Потоа, ставете го тестото во помал сад, намачкајте го со малку маслиново масло и покријте го со крпа. Оставете го еден час на топло место за да нарасне.
Рерната загрејте ја на 220 Целзиусови и неколку тави обложете ги со хартија за печење.
Тестото извадете го на работната маса, додадете ги остатокот од солта и биберот и уште еднаш убаво измесете го. Со сукало истенчете го тестото во правоаголна форма. Потоа, со помош на нож, засечете тенки долги соленки. Имајте на ум дека при печење соленките малку ќе нараснат, па исечете ги малку потенки отколку што сакате да бидат.
Наредете ги соленките во тавата, со празен простор помеѓу нив, за да можат убаво да нараснат. Печете ги 10-15 минути, притоа еднаш превртувајќи ги.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.