Вкусни колачиња што наликуваат на ботаничка градина
Брз и едноставен рецепт за вкусни колачиња
Потребни состојки:
- 200 грама путер, несолен, на собна температура
- 200 грама шеќер
- 1 жолчка од големо јајце
- 1 кафена лажичка екстракт од ванила
- 320 грама сенаменско брашно
- 1/2 кафена лажичка сол
- 1 белка од големо јајце
- 30 цветчиња што се јадат
- Шеќер во прав
Начин на подготовка:
Ставете ги путерот и шеќерот во сад и матете со електричен миксер додека не добиете мека смеса, односно околу 3 минути. Потоа додајте ги жолчката и ванилата и матете уште околу 1 минута, односно додека не се комбинираат. Додајте го брашното и солта и повторно мешајте до комбинирање.
Подгответе парче хартија за готвење, и ставете го тестото над неа и обликувајте го во долг цилиндар. Замотајте го тестото во хартијата и ставете го во фрижидер да се олади на околу 90-тина минути.
Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете хартија за печење во тава. Со помош на нож, исечкајте го тестото на тенки кругови, кои полека ќе ги редите во тавата. Внимавајте да оставите доволно простор меѓу нив за да не се спојат кога ќе почнат да растат.
Во посебен сад, изматете ја белката заедно со 1 супена лажица ладна вода. Со оваа смеса намачкајте ја површината на колачињата и поставете им ги цветовите во центарот. На крај, просејте го и шеќерот во прав врз нив.
Печете ги колачињата околу 13-15 минути и оставете ги целосно да се оладат откако ќе ги извадите од рерната пред да ги тргнете од хартијата за печење.
Добар апетит!
Мирисот на детството: Пробајте ги и овие ванилини кифлички за вкусен појадок.