Вкусни и здрави кокосови палачинки

Вкусни и здрави кокосови палачинки

Овој рецепт може да го направат и оние кои се на безглутенскиот режим на исхрана

Вкусни и здрави кокосови палачинки

Потребни состојки (за 10 мали палачинки):
  • 3 јајца (може и со 2)
  • 60 грама кокосово брашно
  • 60 грама овесни снегулки
  • 180 милилитри млеко (може да биде и од соја, бадем или овес)
  • 1 банана, исечкана на мали парчиња (може да се направи и со јаболко или круша)
  • Прстофат прашок за пециво
  • Прстофат сол
  • 50 милилитри кокосово масло
Начин на подготовка:

Исто како и кај класичните палачинки, така и овие состојки заедно измешајте ги со миксер. Доколку сакате тестото да биде посунѓересто, одвојте ја белката од жолчката, посебно изматете ја само белката и потоа полека додадете ја во останатата смеса. На овој начин се подготвуваат американските палачинки. Откако ќе завршите, ставете ја смесата во тавата за палачинки која не треба да биде претходно намачкана со масло бидејќи тоа е вклучено во самиот рецепт.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Надица Reply

    Ова не би се препорачало на лица кои не смеат да внесуваат глутен. Овесните снегулку ( општо овесот ) имаат големи шанси за контаминираност со глутен! Внимавајте

    • Моника Трајковска Reply

      Овесот сам по себе не содржи глутен, па доколку се земат овесни снегулки од проверени и сигурни извори, тогаш нема да има никакви проблеми.

Остави коментар