Вкусни и здрави чоколадни мафини без шеќер и брашно

Вкусни и здрави чоколадни мафини без шеќер и брашно

Овие мафини се најмеките колачи што некогаш сте ги пробале. Нема да ви одземат многу време, а ќе добиете здрава и вкусна ужина за секој дел од денот.

Вкусни и здрави чоколадни мафини без шеќер и брашно

Потребни состојки:
  • 1 зрела банана со средна големина
  • 200 грама рендани тиквички
  • 1 јајце
  • 120 милилитри масло (можете да го замените со растителен путер)
  • 60 милилитри мед
  • Половина лажичка сода бикарбона
  • 12 лажички какао во прав
  • 12 лажички рендано црно чоколадо
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажички мелено ленено семе
Начин на подготовка:

Измешајте ги во блендер сите состојки освен тиквичките и чоколадото за да добиете мазна смеса. Потоа измешајте ги тиквичките и чоколадото. Тестото ставете го во подмачкана тава за мафини, така што калапите да бидат полни до 3/4. Испечете ги на температура од 190 степени и извадете ги по 20 минути откако со чепкалка ќе проверите дали се готови. По желба, додадете уште малку рендано чоколадо и оставете ги мафините да се оладат. Добар апетит!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар