Претходно
Вкусни и брзи: Колачиња со чоколадо, таан и турско кафе
Ако сте љубители на турското кафе, овој рецепт сигурно ќе ви се допадне. Кога ќе го комбинирате турското кафе со таан и чоколадо ќе добиете одличен вкус!
Потребни состојки:
- 120 милилитри таан
- 20 г шеќер
- 1 јајце
- 1/4 лажичка сол
- 200 г брашно
- 3/4 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка турско кафе
- 75 г чоколадни струготини
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерна на 170 степени.
- Комбинирајте ги таанот и шеќерот и миксирајте ги.
- Додајте го јајцето и солта. Миксирајте.
- Додајте ги брашното, содата бикарбона и турското кафе. Мешајте додека не се соединат состојките (ќе изгледа суво на почетокот).
- Додајте ги чоколадните струготини.
- Потоа со лажица ставете од тестото на хартија за печење.
- Печете за 10 минути.
Погледнете го овој лесен рецепт за вкусен леб од нутела.