Вкусни и слатки колачиња кои се приготвуваат за само 20 минути

Вкусни и слатки колачиња кои се приготвуваат за само 20 минути

Колачите се омилениот десерт на многумина, но за нивното подготвување е потребно доста време. Затоа, денес ви претставуваме рецепт за брзи и вкусни колачи. Не грижете се, оваа брза верзија на колачи ги содржи сите вкусови како оригиналните, само што за да заштедите време бисквитите од колачот ќе ги заемните со пишкоти.

1-vkusni-i-slatki-kolachinja-koi-se-prigotvuvaat-za-samo-20-minuti-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки

  • 1 пакување пишкоти
  • 150 грама темно чоколадо
  • 2 децилитри млеко
  • 200 грама слатка павлака
  • 250 грама кокос

Начин на подготовка:

Искршете го чоколадото на коцки и ставете го во длабок сад. Додајте го млекото и слатката павлака, па сето тоа загрејте го на тивок оган со постојано мешање сѐ додека сите состојки не се претворат во крем. Оставете го да се олади. Пишкотите ставете ги во кремот, а потоа наросете ги со кокос. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите пишкоти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар