Вкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минути

Вкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минути

Ваквите десерти се одлични. Со само малку труд, една шолја и микробранова печка може да направите слатки чуда. Па ајде да почнеме!

1. Колач со боровинки

Вкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минути

Потребни состојки:
  • 30 г замрзнати боровинки
  • 40 г мелено ленено семе
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • 2 лажици овошен сируп
  • 1/2 лажичка кора од лимон или портокал
  • 1 белка од јајце
  • 1/2 лажичка мускатов орев
Начин на подготовка:

Сите суви состојки ставете ги во сад и убаво измешајте ги. Потоа, додадете ја белката од јајце, кората од лимон и овошниот сируп. Земете поголема шолја, премачкајте ја со масло за јадење и ставете ја смесата внатре. Ставете ја во микробрановата печка на 90 секунди и уживајте! За подобар вкус, може да додадете и лажичка стопен путер во целата смеса.

2. Колач црвено кадифе

Вкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минути

Потребни состојки:
  • 4 лажици брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 лажица какао
  • 1/8 лажичка сода бикарбона
  • 2 лажици маштеница
  • 1 лажица обезмастено млеко
  • 1/2 лажица маслиново масло
  • 1/8 лажичка оцет
  • 1/4 лажичка црвена прехранбена боја
За филот:
  • 30 г крем-сирење
  • 30 г путер
  • 4-5 лажици шеќер во прав
Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки за колачот во голема шолја сѐ додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја во микробрановата печка една минута. Потоа, оставете ја смесата да се олади 30-на минути. Додека чекате, направете го филот. Измешајте ги сите состојки со мискер на највисока брзина. По изминувањето на 30-те минути, додадете го филот врз колачот и уживајте во прекрасниот вкус!

3. Колач со банана

Вкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минути

Потребни состојки:
  • 2 лажици соино млеко
  • 1/4 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажица масло за готвење
  • 1/2 банана
  • Прстофат сол
  • Прстофат цимет
  • 50 г шеќер
  • 35 г брашно
  • 1/4 лажичка прашок за печиво
За филот:
  • 3 лажици крем сирење
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 2 лажички соино млеко
  • 2 капки екстракт од ванила
Начин на подготовка:

Во шолја, ставете ги шеќерот, прашокот за печиво, брашното, циметот и солта. Потоа, ставете ги сите течни состојки и убаво промешајте. Така подготвена, ставете ја шолјата во микробранова печка на 2 минути. За филот, само ги мешате сите состојки и потоа ги додавате врз колачот.

4. Чизкејк

Вкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минути

Потребни состојки:
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици кисела павлака
  • 3 лажици крем-сирење
  • 1/8 лажичка сок од лимон
  • 1/4 лажички екстракт од ванила
  • 1/2 изматено јајце
  • 1 обланда или крекер
  • Фил по избор
Начин на подготовка:

Во сад ставете ги шеќерот, павлаката, крем-сирењето, јајцето и сокот од лимон. Промешајте и ставете го во микробранова печка на една минута. По таа минута, оставете ја вратата од микробрановата печка отворена 20 секунди, потоа повторно затворете ја и нека се готви уште дополнителни 45 секунди. Потоа, извадете ја шолјата и оставете да се излади 10 минути. По тие 10 минути ставете ја во фрижидер 2 часа. Кога ќе биде готово, врз колачот ставете мелен бисквит.

5. Колач со цимет

Вкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минути

Потребни состојки:
  • 30 г мелено ленено семе
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1-2 лажички цимет
  • 1 лажичка кокосово масло
  • 1 јајце
  • 2 лажици шеќер
Начин на подготовка:

Сите состојки измешајте ги во шолја, па ставете ја во микробранова печка на 60 секунди. Почекајте да се олади и потоа уживајте!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар