Вкусни чоколадни колачиња со суво овошје и јаткасти плодови

Вкусни чоколадни колачиња со суво овошје и јаткасти плодови

Здрав, а сепак вкусен десерт на кој нема да можете да му одолеете

Вкусни чоколадни колачиња со суво овошје и јаткасти плодови

Потребни состојки:
  • Мала коцка стопен путер (за премачкување на тавата)
  • 60 г сецкани незасладени урми
  • 60 г сецкани суви сливи
  • 8 лажици сок од јаболко
  • 4 јајца, изматени
  • 250 г шеќер
  • 5 лажички чоколадо во прав
  • 2 лажички какао
  • 175 г брашно
  • 60 г сецкани ореви
  • 60 г сецкано чоколадо
Начин на подготовка:

Оставете ја рерната да се загрее на 180 степени. Намачкајте ја тавата со претходно стопениот путер и потоа покријте ја површината со хартија за печење.

Во мало тавче, ставете ги сецканите урми, сувите сливи и сокот од јаболко и оставете да зовријат. Кога веќе ќе почнат да вријат, покријте го тавчето, намалете ја топлината и оставете да крчка уште 10 минути со повремено мешање. По 10 минути, силно измешајте ја смесата сѐ додека не стане хомогена. Потоа, оставете ја да се излади. Откога ќе се излади, ставете ја во поголем сад и во смесата додадете ги и изматените јајца и шеќерот. Внатре ставете ги и чоколадото во прав, какаото и брашното. Мешајте ги сите состојки сѐ додека не се добие еднолична смеса. На крајот, додадете ги ситно сецканото чоколадо и оревите.

Ставете ја смесата во тавата за печење и израмнете. Печете околу 35-45 минути. Оставете убаво да се излади пред да ја послужите. Исечете на мали парчиња.

Совет:

За подобар вкус, направете го чоколадните колачиња еден ден пред да ги консумирате. Исто така, чувајте ги во затворен сад, за да не се исушат лесно и да изгубат од богатиот вкус.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар