Вкусни браунис за кои ви се потребни само 2 состојки
Брз и едноставен рецепт за оние денови кога посакувате благо, а немате доволно слободно време
Потребни состојки:
- 4 големи јајца
- 250 грама Нутела
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и поставете хартија за печење во калап со димензии 20 x 20 сантиметри. Со миксер мешајте ги јајцата од 5 до 7 минути (во зависност од миксерот) или сè додека не им се дуплира обемот. Нутелата префрлете ја во сад кој може да се стави во микробранова и оставете ја да се загрее околу 60 секунди. По загревањето добро измешајте ја и постепено, додека сè уште мешате, додавајте ги јајцата. Сипете ја смесата во подготвениот калап и печете од 30 до 35 минути. За да проверите дали тестото е готово, боцнете го со чепкалка за заби. Доколку колачот е печен, таа ќе остане чиста. Оставете го целосно да се олади пред сервирање.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.