Претходно
Вкусни бомбици кои ќе ги воодушеват сите чокохоличари
Овој рецепт е идеален за сите чокохоличари и за зимските вечери во кои секогаш ни е потребно затоплување со чоколаден третман. Ако сметате дека е премногу едноставен или сакате креативно да се изразите, можете да вклучите повеќе состојки за украсување.
Потребни состојки:
- 130 гр чоколадо скршено на коцки
- 75 гр инстант топло чоколадо во прав
- 30 гр мини маршмалоу
- млеко по избор
Начин на подготовка:
- Ставете го чоколадото во сад и растопете го.
- Премачкајте го силиконскиот калап за бомбици со чоколадо и ставете го во замрзнувач 5-10 минути за да се зацврсти чоколадото.
- Потоа, внимателно отстранете ги половините и ставете маршмалоу во секое од нив, оставајќи ги половина празни, бидејќи ќе треба да ги затворите.
- Загрејте чинија под топла вода и внимателно притиснете ги страните од бомбиците за да се стопат рабовите и потоа спојте ги.
- Ставете ги во фрижидер од 5 до 10 минути, а потоа ставете ги топчињата во чаши и прелијте ги со врело млеко.
Moжеби ќе сакате да ги пробате и овие чоколадни банани што секој може да ги направи дома.