Вкусна, превкусна: Рецепт за домашна пита со јаболка
Денес ви споделуваме рецепт за брза и едноставна пита со јаболка. Сигурни сме дека ќе му се допадне на целото семејство!
Потребни состојки:
- 1 килограм јаболка
- 1 шолја масло
- 1 шолја гриз
- 6 лажици шеќер (може и кафеав)
- кори за пита
- цимет
- ореви
Начин на подготовка:
Излупете ги и изрендајте ги јаболката. За секој ролат земете по 3 кори. Секоја кора попрскајте ја со масло и посипете со малку шеќер, а на третата кора ставете од смесата со рендани јаболка, па додадете малку масло, цимет, две лажици гриз и додадете малку ореви. Завиткајте го ролатот, па ставете го на плех обложен со хартија за печење. Ако не сакате ролат, можете да ги наредите сите кори една врз друга. Потоа со нож пресечете ја питата на парчиња, премачкајте ја со масло и испечете ја на температура од 220 степени целзиусови. Можете да ја посипете со шеќер во прав. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за највкусната пита со вишни и пудинг од ванила.
Извор: sensa.mondo.rs