Вкусна чоколадна торта за која ви се потребни само 5 состојки!

Вкусна чоколадна торта за која ви се потребни само 5 состојки!

Сакате да направите лесна и едноставна торта, но немате време? Денес ви споделуваме рецепт за вкусна чоколадна торта за чија подготовка ви се потребни само 10 минути!

Вкусна чоколадна торта за која ви се потребни само 5 состојки!

Потребни состојки:

  • 150 грама (1,5 чаши) шеќер
  • 250 грама (2,5 чаши) брашно
  • 85 грама (0,5 чаши) какао во прав
  • 10 грама (2 лажички) прашок за пециво
  • 125 милилитри масло или стопен путер
  • 500 милилитри топла вода

Начин на подготовка:

Измешајте ги сувите состојки и потоа додадете 125 милилитри масло или стопен путер и топла вода. Печете на највисока температура во микробранова печка 5-10 минути. Проверете го тестото со чепкалка за заби. Растопете ги млекото и чоколадото. Со растопеното чоколадо прелијте го колачот, оставете уште малку да се излади и послужете. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за највкусната торта без јајца и лактоза.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар