Претходно
Вкусен шејк од шумско овошје
Летно освежување за само 10 минути!
Состојки за 6 послужувања:
- 950 мл сладолед од ванила
- 170 г замрзнато шумско овошје
- 480 мл полномасно млеко
Начин на подготовка:
Во блендер, најпрвин ставете половина од количеството на сладоледот, шумското овошје и млекото. Мешајте додека смесата не стане глатка и компактна. Доколку има потреба, повремено застанувајте и промешувајте со лажица. Истата постапка, повторете ја и со остатокот од состојките. Послужете во чаши и уживајте во убавиот вкус!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.