Вкусен рецепт за празнични колачи без глутен и јајца
Секогаш е добро да имате неколку рецепти за вегетаријанци, како и за личности кои тешко поднесуваат глутен. Доколку го замените путерот со био-маргарин, овие колачиња со мирис на Божиќ ќе можете да им ги послужите и на вегетаријанците.
Потребни состојки за тестото:
- 100 грама оризово брашно
- 4 лажици путер
- 4 лажици мелени бадеми
- 4 лажици брашно од хељда
- Малку сол
- 3 лажици мед (или јаворов сируп)
- Ванила
- Цимет
- 1/2 чајна лажичка прашок за печиво
Потребни состојки за филот:
- Мармалад по желба
Начин на подготовка:
1. Омекнатиот путер измешајте го со медот и зачините. Потоа додајте ги сувите состојки, оризовото и брашното од хељда, солта, прашокот за печиво и мелените бадеми.
2. Од смесата замесете тесто. Топката тесто замотајте ја во проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер неколку часа, а најдобро е преку ноќ.
3. Тестото развлечете го помеѓу две парчиња мрсна хартија. Ако се обидете да го развлечете премногу тенко, тестото ќе почне да пука.
4. Исечете го тестото со калапи по избор во облик на ѕвезда, цвет или круг. Имајте на ум дека половина од колачињата треба да имаат дупка на средина.
5. Ставете ги колчињата да се печат во претходно загреана рерна на 170 до 180 степени и печете околу 10 до 15 минути.
6. Во две третини од колачињата додајте мармалад по желба. Пријатно јадење!
А, додека сте во кујна, ви предлагаме да ги подготивте и овие новогодишни колачиња со ванила и бадеми.