Вкусен крем со јаболка и ореви
Лесен десерт во кој ќе уживате после напорниот ден…Потребни состојки:
- 2 јаболка
- 150 г ореви
- 250 мл слатка павлака
- 250 мл благо крем сирење
- 2 лажици шеќер во прав
- 1 кесичка ванилин шеќер
- сок од лимон
Начин на подготовка: Јаболката исечете ги на коцкички и измешајте ги со сокот од лимон за да не почнат да темнеат. Благото крем сирење изматете го со ванилинот и шеќерот во прав, а во посебен сад изматете ја и слатката павлака. Потоа павлаката почнете да ја додавате во крем сирењето дел по дел, притоа мешајќи со дрвена лажица од доле кон нагоре. Оревите исечкајте ги покрупно.
Земете стаклена чаша и почнете да редите слоевито, ред ореви, ред јаболка, ред од кремот. Наполнете ја чашата до врв и потоа уживајте во прекрасниот вкус.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.