Претходно
Вкусен домашен пудинг од банани
Израдувајте ги домашните и пријателите со неодолив кремаст десерт кој брзо и лесно ќе го подготвите
Потребни состојки:
- 3 јајца
- 200 г шеќер
- 240 мл млеко
- 3 банани
- 1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Изматете ги јајцата, додадете ги шеќерот, млекото и екстрактот од ванила и матете додека не добиете хомогена смеса.
- Додадете ги и бананите, ситно сечкани. Варете на пареа околу половина час, додека пудингот не се згусне и мешајте повремено за да не се направи кора на површината.
- Сипете во длабоки садови за служење, а по желба украсете со крукчиња од банана и ливчиња нане.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.