Вкусен домашен чоколаден сладолед
Дојде пролет, време е за сладолед!
Потребни состојки:
- 500 милилитри слатка павлака
- 3 лажици какао во прав
- 140 грама квалитетно темно чоколадо
- 250 милилитри млеко
- 165 грама шеќер во прав
- Прстофат сол
- 5 жолчки од јајце
- ½ екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Во тенџере, стоплете 250 милилитри од слатката павлака и целото какао. Не заборавајте да мешате. Оставете го на оган сè додека не заврие, а потоа мешајте уште 30-тина секунди и тргнете го настрана. Додадете го чоколадото и мешајте сè додека тоа не се стопи целосно и потоа сипете ги и останатите 250 милилитри од слатката павлака.
Ставете ја смесата во голем сад кој е отпорен на топлина и поставете цедалка над него. Измешајте ги жолчките во друг сад и тргнете ги настрана. Во трет сад загрејте го млекото со шеќерот, ванилата и солта. Не дозволувајте да зовријат. Сипете ја оваа комбинација во смесата со жолчките и мешајте сè додека не се комбинираат. Вратете ги повторно на оган и поставете ги на ниска топлина. Додека се таму, постојано мешајте.
Сипете ја мешавината со млекото и јајцата низ цедалката во онаа со чоколадото. Мешајте сè додека не се комбинираат. Покријте ја со проѕирна пластична хартија која ќе ја поставите директно на површината на сладоледот и ставете ја во фрижидер на минимум 8 часа. За крај, ставете го сладоледот во електричен блендер и матете додека не се згусне целосно и потоа ставете го во замрзнувач.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.