Вкусен десерт за зимските денови: Зелено топло чоколадо со шлаг

Вкусен десерт за зимските денови: Зелено топло чоколадо со шлаг

Ако сакате црно или бело топло чоколадо, зеленото ќе го обожавате, како поради неговиот изглед, така и поради одличниот вкус! Еве како да го направите сами во вашиот дом.

Вкусен десерт за зимските денови: Топло зелено чоколадо со шлаг

Потребни состојки:
  • 150 грама бело чоколадо
  • 1 литар млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • Прехранбена зелена боја (по желба можете да ставите и некоја друга)
  • Трошки за колачи
  • Шлаг
Начин на подготовка:

Издробете го белото чоколадо во сад и додајте млеко. Кога тоа целосно ќе се стопи, додајте екстракт од ванила и зелена прехранбена боја. Сето ова добро промешајте го. Ставете ја смесата во шолја и декорирајте со шлаг и трошки.

Уживајте во зимските денови со вашите најмили!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар