Вкусен десерт: Ролат во форма на солза
Изненадете ги вашите најблиски со овој вкусен десерт кој никого нема да го остави рамнодушен
Потребни состојки:
За кората:
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 40 грама какао
- 3 лажици брашно
- 1 пакување прашок за печиво
За првиот фил:
- 150 грама мелени ореви
- 5 лажици млеко
- 4 лажици шеќер во прав
- 2 ванилини шеќери
- 250 грама маргарин
За вториот фил:
- 100 грама мелени бисквити
- 100 грама мелени наполитанки
- 100 грама чоколадо
- 150 грама маргарин
За глазурата:
- 100 грама чоколадо
- 100 грама маргарин
Подготовка на кората:
Изматете ги жолчките со шеќерот. Додадете ги какаото, брашното и прашокот за печиво и полека помешајте со лажица. На крајот додадете го шамот од белки и лесно смешајте го. Плехот обложете го со хартија за готвење, а потоа во него ставете ја подготвената смеса за кора. Печете во рерна, на 180°C, додека тестото не порумени. Извадете ја печената кора на работна површина и со сукало завиткајте ја, така што едниот крај ќе се спои со другиот. Оставете да се излади.
Подготовка на првиот фил:
Прелијте ги оревите со врело млеко и оставете ги малку да се изладат. Посебно сматете ги маргаринот со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер и потоа соединете ги со изладените ореви.
Подготовка на вториот фил:
Во сад за готвење, на пареа стопете ги чоколадото и маргаринот. Тргнете ги од ринглата и додадете ги мелените бисквити и наполитанките.
Финална постапка:
Израмнете ја кората и премачкајте ја со првиот фил. Во средината ставете го вториот фил и потоа повторно завиткајте ја кората. Чоколадото растопете го со маргаринот и со добиената глазура премачкајте го ролатот целосно. По желба, завршете со шеќер во прав.
Совет: За подобро превиткување на кората користете дебело сукало или шише.