Вкусен десерт кој се топи во устата: Црна торта од чоколадо

Вкусен десерт кој се топи во устата: Црна торта од чоколадо

Доколку сакате да ги изненадите вашите најблиски со своите кулинарски способности, тогаш направете ја оваа црна тортa од чоколадо која е лесна и едноставна за подготовка, а гарантира сладок и вкусен крај на ручекот.

Вкусен десерт кој се топи во устата: Црна торта од чоколадо

Потребни состојки:
За кората:
  • 9 јајца
  • 9 супени лажици шеќер
  • 2 кафени лажички презла
  • 100 грама стопено чоколадо
  • 100 грама мелени ореви
  • малку рум
За филот:
  • 200 грама путер
  • 100 грама шеќер во прав
  • 100 грама шеќер
  • 100 грама стопено чоколадо
  • малку варено црно кафе
  • 2 јајца
  • 1 ванилин шеќер
За декорацијата:
  • 100 грама рендано чоколадо
Начин на подготовка:
Кора:

Сматете ги жолчките во пена, постепено додавајќи го шеќерот. Прелијте ја презлата со малку рум, па ставете ја во сматените жолчки. Потоа додајте ги мелените ореви и стопеното чоколадо. Посебно сматете ги белките во цврст шлаг, а потоа соединете ги со претходната смеса. Во плех со пречник од 24 сантиметри, претходно подмачкан со масло, ставете ја смесата и печете на 200°C сè додека не порумени. Извадете ја кората од рерната, оставете ја да се излади и потоа пресечете ја хоризонтално на половина.

Фил:

На пареа сматете ги јајцата, постепено додавајќи ги шеќерот и ванилинот шеќер. Потоа скршете го чоколадото на коцки и заедно со вареното црно кафе стопете го додека не стане течно. Оставете смесата да се излади, па соединете ја со путерот кој претходно ќе го сматите заедно со шеќерот во прав.

Финална постапка:

Кората премачкајте ја со 3/4 од филот и преклопете ја со другата кора. На горниот дел од кората и од страните нанесете го остатокот од филот и декорирајте со рендано чоколадо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар