Вкус кој нема да ве остави рамнодушни: Рецепт за француска „свилена“ торта
Денес ви споделуваме рецепт за уникатен десерт! Се работи за „француска свилена пита“ која нема никаква поврзаност со Франција. Напротив, станува збор за американски рецепт од педесеттите години на минатиот век. Питата го добиле името благодарение на својата текстура која се „лизга“ низ грлото како најдобрата свила.
Потребни состојки:
Состојки за основа:
- 200 грама чајни бисквити
- 85 грама путер
Состојки за филот:
- 200 грама шеќер
- 170 грама омекнат путер
- 85 грама темно чоколадо
- 3 јајца
- 2 супени лажици француски ликер Grand Marnier
- шлаг за декорација
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 170 степени целзиусови.
2. Сомелете ги бисквитите и измешајте ги со путерот. Мешајте додека не добиете еднолична смеса.
3. Со прстите притиснете ја смесата во плехот.
4. Ставете го плехот во рерна 10 до 12 минути или додека подлогата не се стегне, извадете го од рерна и оставете го целосно да се излади.
5. Додека подлогата се лади, направете го филот: стопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа.
6. Изматете ги омекнатиот путер и шеќерот со миксер. За ова ќе ви требаат околу три минути мешање.
7. Во путерот додадете ги стопеното чоколадо и ликерот.
8. Постепено додавајте ги јајцата – едно по едно – и мешајте додека не добиете мазен, едноличен крем. Намачкајте ја преку изладената подлога и ставете ја во фрижидер три до четири часа.
9. Намачкајте ја изладената француска свилена пита со шлаг. По желба можете да декорирате и со неколку капки чоколадо. На здравје!
Откако го прочитавте денешниот рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за брз германски колач од чоколадо и бисквити кој не се пече.
Извор: punkufer.dnevnik.hr