Витамини и минерали за заштита и обнова на косата
Доколку сте забележале дека вашата коса сè повеќе опаѓа, време е да преземете нешто. Косата може да ја негувате првично преку исхраната со внесување на витамините и минералите неопходни за цврстина и сјај на влакното, а исто и со помош на масла како рузмарин или лаванда.
Ова се витамините и минералите кои најмногу придонесуваат за заштита на косата:
Цинк
Покрај многуте здравствени придобивки, цинкот помага за заштита на косата од опаѓање. Внимавајте вашата исхрана да вклучува цинк. Храна богата со цинк е: морската храна како остригите, јастогот и ракот, некои видови месо како говедското, свинското и пилешкото, а исто го има и во јајцата, гравот, јогуртот како и во некои јаткасти плодови.
Б витамин
Кога станува збор за одржување на косата, витаминот Б е ваш пријател. Фолатот е најзаслужен за цврстината и сјајот на влакното. Еве што треба да вклучите во исхраната: зелени салати, житарки, риба, пилешко, мисиркино месо, грав, ореви, разни видови морска храна. Фолатот е најзастапен во: гравот, леќата, спанаќот, аспарагусот и др.
Железо
Доколку косата ви опаѓа повеќе од вообичаено, тоа може да биде знак на анемичност и недостаток на железо. Затоа обрнете внимание вашата исхрана да вклучува производи богати со железо, како: јунешко месо, црн дроб, спанаќ, соја, артичоки и сливи. Доколку пак недостатокот е голем, може да размислите за внесување на железото со помош на лекарства, за што задолжително мора да се консултирате со доктор бидејќи претераната употреба може да биде опасна. Исто, се препорачува консумирање на витамин Ц за подобра апсорпција на железото во организмот.
Калциум
Калциумот е клучен за цврстината на вашата коса па затоа обрнете му големо внимание. Најмногу го има во млечните производи, но исто и во брокулата, кајсиите, портокалите и сардините.
Д витамин
Некои студии покажуваат дека витаминот Д наголемо влијае врз растот на косата, па затоа се препорачува редовно да се внесува преку исхраната. Витаминот Д го има во рибата (харинга, сом, пастрмка и лосос), но исто така и во обичното како и во соиното млеко.
Некои природни масла
Во одржувањето на вашата коса здрава, сјајна и витална, може да ви помогнат:
- Рузмарин – Рузмаринот од многу одамна се користел за да се спречи ќелавост. Како третман за коса рузмаринот може да се користи во вид на чај така што ќе ја прелиете целата коса или пак да го масирате скалпот на косата со масло од рузмарин. Почекајте да дејствува, потем добро измијте го.
- Лаванда – Освен по нејзината моќ за смирување на сетилата, лавандата е корисна и за вашата коса. Масирајте го скалпот со масло од лаванда три пати неделно и сами ќе го забележите резултатот.
- Кедар – Кедарот е едена од најупотребуваните состојки за производство на парфеми и разни козметички производи, но неговата употреба не запира тука. Маслото од кедар слободно искористете го за зајакнување на вашата коса.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.