Вистинско другарство: кучката Медисон се грижи за слепата кучка Лили
Кога болеста која ја имала Лили, кучка од расата германска дога, ги приморала ветеринарите да ги отстранат нејзините очи, надежта дека таа ќе живее исполнет и просперитетен живот не била голема. Но, во тој момент никој не се сетил на нејзината другарка Медисон, која откако Лили го изгубила видот, постојано е околу неа, во улога на куче-водич.Ова дуо е неразделно веќе неколку години, но сега тие си бараат нов дом, бидејќи нивниот сопственик не можел повеќе да се грижи за нив. Тие, од месец јули, чекаат вдомување во центарот за згрижување на бездомни кучиња „Dogs Trust“ во Шрузбери, Англија. Замката за сите оние кои се заинтересирани за вдомување куче, е тоа што овие две германски доги доаѓаат во пакет.
.
Менаџерката на центарот за згрижување кучиња-бездомници, Луиз Кембел, рекла: „Медисон ù е водич на Лили. Кога се надвор, поголемиот дел од времето Медисон ја води Лили, а таа чекори близу до неа и ја допира на моменти, за да знае во кој правец да оди. Глетката е прекрасна. Медисон секогаш се грижи за неа.“
Лили, која сега има 6 години, била мало кученце кога се разболела од болест, од која трепките почнале да ù растат навнатре, накај очните јаболкца, при што ù ги оштетиле без можност за лекување. После овој трауматичен момент во животот на Лили, се продлабочил нејзиниот однос со седумгодишната Медисон, бидејќи таа ја земала под своја закрила. Овие најдобри пријателки живееле заедно, под ист покрив, кога нивните сопственици решиле дека не можат повеќе да се грижат за нив.
.
Г-ѓа Кембел објаснува: „Со губењето на видот на двете очи, на Лили ù се развија другите сетила, така што и покрај тоа што никогаш не ја раздвојуваме од другарка ù, таа најчесто знае дали Медисон е во нејзина близина. Тие се тркалаат по земја пред да заспијат и постојано си зборат нешто на кучешки јазик. Ги немаме анализирано нивните различни лаења, но доколку Лили сака да оди нанапред, а Медисон оди пред неа и ù пречи на патот, нивното лаење поинаку звучи од вообичаено.“
Г-ца Кембел вели дека Лили ги прави сите работи кои ги прават нормалните кучиња и тврди дека доколку ја гледате од далеку, нема да знаете дека нешто не е во ред со нејзините очи..
„Овие две пријателки живеат навистина среќен живот. Чашата е секогаш половина полна за нив. Тие се со нас веќе подолго време, но се многу среќни тука, лојални се една кон друга и си ги извршуваат нивните дневни рутини.“
Таа верува дека физичката големина на кучињата и нивната возраст, како и фактот дека доаѓаат во пакет, може да ги обесхрабри потенцијалните сопственици, но потенцира дека секој оној кој размислува да ги земе во својот дом, треба да дојде и да го види нивниот животен стил и да ја земе предвид одговорноста која доаѓа со нив..
„Лили и Медисон не изгледаат толку големи кога ќе ги видите надвор, во природа. Тие се само две мили, големи девојки, кои заслужуваат удобно да го проживеат остатокот од нивниот живот.“ – вели таа
„Dog Trust“ се грижи за 16.000 бездомни и напуштени кучиња, во вкупно 17 центри за згрижување. Германската дога Лили е во потрага по нејзин сопственик, кој ќе биде желен да ù овозможи неа, и на нејзината пријателка Медисон, нов дом за живеење.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.